25-ГОДИШНИК ЗАГИНА НА ЗАБАВА ВО КНИН, А ЧЕТВОРИЦА ДРУГИ СЕ ПОВРЕДЕНИ ОТКАКО ЕКСПЛОДИРАЛА РАЧНА БОМБА

    25-ГОДИШНИК ЗАГИНА НА ЗАБАВА ВО КНИН, А ЧЕТВОРИЦА ДРУГИ СЕ ПОВРЕДЕНИ ОТКАКО ЕКСПЛОДИРАЛА РАЧНА БОМБАПовредени се 25 и 23-годишник, 21-годишна девојка и една малолетничка. - Куќата во Книн каде што се одржувала забавата (Фото: Кропикс)

    25-годишник загина и уште четворица други млади се тешко повредени откако на забава во хрватскиот град Книн експлодираше бомба.

    Според првичните информации од истрагата, еден од повредените донел рачна бомба М-75 на забавата и му ја дал на загинатиот, кој ја активирал во подрумот на куќата каде што била забавата.

    Повредени се 25 и 23-годишник, 21-годишна девојка и една малолетничка.

    „По спроведениот увид е утврдено дека повредениот 25-годишник, за време на забавата, од спалната соба на станот донел рачна бомба М-75 и истата ја предал на друг 25-годишник. По нестручно ракување дошло до несакана активација на рачната бомба во рацете на настраданиот 25-годишник“, соопштија од полицијата во Шибеник.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира