26-ГОДИШНИК ОБВИНЕТ ЗА УБИСТВОТО НА ДИРЕКТОРОТ НА ОСИГУРИТЕЛНАТА КОМПАНИЈА „ЈУНАЈТЕДХЕЛТКЕР“ ВО ЊУЈОРК

    26-ГОДИШНИК ОБВИНЕТ ЗА УБИСТВОТО НА ДИРЕКТОРОТ НА ОСИГУРИТЕЛНАТА КОМПАНИЈА „ЈУНАЈТЕДХЕЛТКЕР“ ВО ЊУЈОРККај Луиџи Манџоне биле пронајдени пиштол и рачно напишан документ кој укажува на мотив (Фото: АП)

    Дваесет и шестгодишен маж е обвинет за убиство во врска со минатонеделното пукање врз Брајан Томпсон, извршниот директор на моќната американска осигурителна компанија „ЈунајтедХелткер“. Луиџи Манџоне бил уапсен во ресторан на „Мекдоналдс“ во Алтуна, Пенсилванија, откако еден муштерија го препознал.

    Кај него биле пронајдени пиштол и рачно напишан документ, кој укажува на мотив и начин на размислување, кажа полицијата. Њујоршките истражители го обвинија Манџоне за убиство и за четири други точки.

    Томпсон (50) беше застрелан и убиен во средата наутро пред хотелот „Хилтон“ во Менхетн, каде што требало да биде говорник на конференција. Полицијата веднаш кажа дека убиството било однапред планирано, но мотивот не беше познат. Нападот покрена голем полициски лов, при што осомничениот убиец беше снимен од неколку надзорни камери.

    Истражителите кажаа дека наоѓањето на Манџоне било големо изненадување, зашто тој до понеделникот не бил на листата на осомничени.

    Во судските документи стои дека кога полицијата дошла во „мекдоналдс“ по пријава од муштерија, тој покажал лажна возачка дозвола на име на Мајк Росарио. Во неговиот ранец биле пронајдени 3-Д отпечатен пиштол со придушувач и полн шаржер, американски пасош, 10.000 долари во готовина и 2.000 долари во странска валута. Манџоне исто така носел рачно напишан документ на три страници, кој сугерира дека тој „имал лоши чувства за корпоративна Америка“.

    Манџоне дипломирал на Универзитетот Пенсилванија, а последната позната адреса му била во Хонолулу на Хаваи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира