300.000 ЖИТЕЛИ НА МЕЛБУРН СТАВЕНИ ВО ЕДНОМЕСЕЧЕН КАРАНТИН ПОРАДИ ШИРЕЊЕТО НА КОРОНАВИРУСОТ

    300.000 ЖИТЕЛИ НА МЕЛБУРН СТАВЕНИ ВО ЕДНОМЕСЕЧЕН КАРАНТИН ПОРАДИ ШИРЕЊЕТО НА КОРОНАВИРУСОТЗдравствените власти планираат да спроведат масовно брзо тестирање на жителите(Фото: Гети)

    Околу 300.000 луѓе од предградијата на Мелбурн ќе бидат ставени во едномесечен карантин откако во изминатите две недели бројката новозаразени со коронавирусот во сојузната држава Викторија беше двоцифрена секој ден. Денеска се потврдени уште 73 нови случаи на зараза, додека вчера беа 75.

    Австралија досега добро се справуваше со коронавирусот и имаше околу 7.830 заразени и 104 починати, но последното ширење ги зголеми стравовите од појавата на втор бран.

    Од полноќ по локално време, повеќе од 30 предградија на вториот најголем град во Австралија ќе се вратат на третото ниво на рестриктивни мерки. Тоа значи дека на жителите ќе им биде дозволено да излегуваат од дома само за суштински работи, како пазарување, рекреирање и одење на работа и лекар. Здравствените власти исто така планираат да спроведат масовно брзо тестирање, што треба да опфати половина од населението во погодената област, на чии граници ќе патролира полиција.

    Премиерот на Викторија Даниел Ендрјус најави дека строгите мерки би можеле да се прошират и на целиот град.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари