300 ЛУЃЕ СТАВЕНИ ВО ИЗОЛАЦИЈА ПО ШИРЕЊЕТО НА КОРОНАВИРУСОТ ВО НОЌЕН КЛУБ ВО ЦИРИХ

    300 ЛУЃЕ СТАВЕНИ ВО ИЗОЛАЦИЈА ПО ШИРЕЊЕТО НА КОРОНАВИРУСОТ ВО НОЌЕН КЛУБ ВО ЦИРИХЖителите на Цирих уживаат на брегот на реката Лимат додека во земјата се зголемува бројот на заразени по олеснувањето на мерките (Фото: Ројтерс)

    Здравствените власти на Цирих наредија десетдневна изолација за речиси 300 гости и вработени во еден ноќен клуб, откако еден од посетителите имал позитивен тест на коронавирус и било докажано дека заразил уште неколкумина.

    Тој бил во клубот на 21 јуни и четири дена подоцна имал позитивен тест, исто како и пет други лица со кои бил вечерта.

    Како и останатите европски земји кои ги олеснија коронамерките, и Швајцарија бележи пораст на бројот на заразени, од 18 во понеделникот на 69 вчера. Чешка, пак, пријави 260 нови случаи на коронавирус, што е најголема дневна бројка од 8 април.

    Ноќните клубови во Швајцарија повторно беа отворени овој месец, но имаат обврска да ги регистрираат своите гости.

    „Во случај да имаме нови големи кластери, клубовите повторно би можеле да бидат затворени“, изјавија од министерството за здравство.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари