Портпаролот на каталонската Влада соопшти дека 337 луѓе се повредени во судирот на полицијата што ја испрати официјален Мадрид со граѓаните на Каталонија што денеска излегоа да гласаат на референдум за независност.
Полицијата употреби гумени куршуми во главниот град на Каталонија , Барцелона, каде ги нападна гласачките места и ги спречува граѓаните да се доближат до местата за гласање. На многу места ги одзема и материјалите за гласање.
- ШПАНСКАТА ПОЛИЦИЈА СО ГУМЕНИ КУРШУМИ ГО СПРЕЧУВА РЕФЕРЕНДУМОТ ВО КАТАЛОНИЈА
- ОВА Е СРАМНО, КАЖА ПИКЕ ОТКАКО ГЛАСАШЕ НА РЕФЕРЕНДУМОТ ЗА НЕЗАВИСНОСТ, БАРСЕЛОНА МОЖЕБИ ЌЕ ГО ОДЛОЖИ ПОПЛАДНЕВНИОТ МЕЧ
И покрај овој силен одговор на централната влада од Мадрид која го прогласи референдумот за нелегален, граѓаните со часови чекаат да гласаат на гласачките места кои полицијата не успеа да ги заземе.
Организаторите на референдумот повикаа на мирен отпор на секоја полициска акција за да се избегнат посериозни инциденти.
Каталонската влада ги повика гласачите да гласаат на кое било избирачко место што е отворено во случај шпанската полиција претходно да го затворила нивното.