500 ШКОЛИ ВО ФРАНЦИЈА ОСТАНУВААТ ЗАТВОРЕНИ ПОРАДИ ПРОТЕСТИТЕ НА УЧЕНИЦИТЕ, ВЛАДАТА ЈА ОБВИНИ КРАЈНАТА ЛЕВИЦА ЗА НАСИЛСТВАТА

    500 ШКОЛИ ВО ФРАНЦИЈА ОСТАНУВААТ ЗАТВОРЕНИ ПОРАДИ ПРОТЕСТИТЕ НА УЧЕНИЦИТЕ, ВЛАДАТА ЈА ОБВИНИ КРАЈНАТА ЛЕВИЦА ЗА НАСИЛСТВАТАИлјадници ученици со денови протестираат против образовните стандарди (Фото: АП)

    Францускиот министер за образование Едуар Жефре изјави дека околу 500 училишта низ Франција остануваат затворени по судирите помеѓу полицијата и учениците во изминатите денови.

    „Наставата е целосно или делумно прекината во околу 400 до 500 средни училишта бидејќи не се исполнети безбедносните услови. Од почетокот на протестите, 24 школи се запалени или ограбени“, кажа Жефре.

    Илјадници ученици протестираат против образовните стандарди, а протестите, кои започнаа минатата недела, се проширија од Париз во други големи градови. Учениците изразуваат незадоволство од недостигот на наставници, пренатрупаните училници и дотраените училишни згради.

    Во петокот, францускиот министер за правда Жералд Дарманан изјави дека 735 од вкупно 3.700 училишта во Франција биле погодени од насилните протести.

    „Постојат активисти, особено од крајната левица, кои се инфилтрираа во движењето на средношколците, го презедоа од самите ученици и прибегнаа кон екстремно насилство. Досега се повредени 78 вработени во образованието, што е нешто што досега не сме го виделе“, кажа Жефре.

    Од почетокот на движењето се уапсени вкупно 5.000 луѓе, од кои 85% се малолетници. Организаторите повикаа демонстрациите да продолжат и оваа недела, откако ја обвинија владата за недостиг на конкретни мерки.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира