Шеесет и три лица загинаа, а над 180 се повредени по екскплозијата на бомба во сала за свадба во Кабул, главниот град на Авганистан. Најголем број од жртвите се жени и деца. Авганистанските свадби вообичаено се одржуваат со стотици гости во огромни сали, каде мажите се најчесто одвоени од жените и децата.
Сведоци за Би-Би-Си изјавија дека бомбаш-самоубиец го детонирал експлозивот за време на свадбената церемонија. Експлозијата се случила околу 22:40 по локално време во област во западниот дел од градот, каде живеат главно шиитски муслимани.
Талибанците ја негираат вмешаноста во нападот, а засега ниедна друга група не ја презеде одговорноста за нападот.
Претседателот на Авганистан Аграф Гани го осуди нападот и рече дека и покрај негирањето на одговорност на талибанците, тие сепак носат дел од вината бидејќи доаѓа од „мрежа на терористи“.
„Мој приоритет сега е да им помогнам на семејствата на жртвите во овој варварски напад“, напиша Гани на Твитер.