70 УАПСЕНИ ВО ЗАЕДНИЧКА ЕВРОПСКА АКЦИЈА ПРОТИВ ТРГОВИЈА СО ДЕЦА

    70 УАПСЕНИ ВО ЗАЕДНИЧКА ЕВРОПСКА АКЦИЈА ПРОТИВ ТРГОВИЈА СО ДЕЦАВо текот на акцијата идентификувани се 206 потенцијални жртви, од кои 53 се малолетни, а во операцијата под водство на Велика Британија учествуваа полициски сили од 15 земји членки на ЕУ, од Исланд и од Швајцарија. (Фото: Европол)

    Во големата заедничка акција на Европол против трговија со деца за сексуална експоатација, присилно просјачење и експлоатација на труд се уапсени 70-мина, а во текот на акцијата идентификувани се 206 потенцијални жртви, од кои 53 се малолетни. Во операцијата под водство на Велика Британија учествуваа полициски сили од 15 земји членки на ЕУ, од Исланд и од Швајцарија.

    Како што соопшти Европол, во акцијата изведена од 17-23 јуни, претресени над 127.000 поедници, 63.0000 возила и 1.100 локации, како приватни имоти, комерцијални поседи, хотели, автобуси и железнички станици, пристаништа, аеродроми и гранични премини. Изведени се и превентивни кампањи во училиштата за да се информираат децата за ризиците од трговија со луѓе.

    Во акцијата 34-ца се уапсени за трговија со луѓе, а 36-мина за кражба, ширење материјал со сексуална експолатација на деца и помагање илегална имиграција, а покренати се 31 нов случај пред судовите во земјите учеснички.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира