72-ГОДИШЕН КИНЕЗ ГО ИЗВРШИЛ ВЧЕРАШНИОТ МАСАКР ВО ТАНЦОВО СТУДИО БЛИЗУ ЛОС АНЏЕЛЕС, МОТИВОТ НЕ Е ПОЗНАТ

    72-ГОДИШЕН КИНЕЗ ГО ИЗВРШИЛ ВЧЕРАШНИОТ МАСАКР ВО ТАНЦОВО СТУДИО БЛИЗУ ЛОС АНЏЕЛЕС, МОТИВОТ НЕ Е ПОЗНАТНапаѓачот беше пронајден мртов во комбе откако извршил самоубиство (Фото: АП)

    Калифорниската полиција го идентификуваше мажот кој вчера уби десет луѓе во танцово студио близу Лос Анџелес како 72-годишниот Ху Кан Тран. Тој подоцна беше пронајден мртов во комбе откако извршил самоубиство.

    Инцидентот се случи во градот Монтереј Парк, 11 километри источно од Лос Анџелес, каде што во тој момент се одвиваа прослави на Кинеската нова година. Полицијата засега не го знае мотивот на нападот, во кој се ранети уште десет луѓе, од кои некои се во критична состојба.

    Според полицијата, жртвите на едно од најсмртоносните пукања во историјата на Калифорнија имаат над 50 години и веројатно се од азиско потекло.

    На местото на настанот пронајдовме масакр. Внатре имаше и мртви и ранети луѓе. Триесет минути подоцна, напаѓачот дошол во друго танцово студио во соседниот град Алхамбра. Влегол внатре, но двајца мажи успеале да го совладаат и да му го одземат полуавтоматскиот пиштол, по што тој избегал“, изјави шефот на локалната полиција Скот Виз, додавајќи дека вакво оружје е илегално во Калифорнија.

    Тран, кој имал кинеско потекло, се самоубил 12 часа по пукањето во моментот кога полицијата се доближувала до комбето. 

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира