80.000 ЛУЃЕ ЕВАКУИРАНИ ОД КОНЦЕРТОТ НА БЕД БАНИ ВО МИЛАНО ПОРАДИ НЕВРЕМЕ СО ГРАД

    80.000 ЛУЃЕ ЕВАКУИРАНИ ОД КОНЦЕРТОТ НА БЕД БАНИ ВО МИЛАНО ПОРАДИ НЕВРЕМЕ СО ГРАДКонцертот на отворено на хиподромот „Ла Маура“ беше откажан (Фото: Вонтед ин Милан)

    Околу 80.000 луѓе се евакуирани синоќа од концертот на порториканската музичка ѕвезда Бед Бани во Милано поради екстремните временски услови. Концертот на отворено на хиподромот „Ла Маура“ беше откажан.

    Тоа требаше да биде вториот од двата распродадени концерта на Бед Бани во Милано. Нешто по 21 часот, областа ја погоди насилно невреме проследено со пороен дожд, град, грмежи и силни ветрови, по што беше донесена одлука за прекинување на концертот и евакуација на присутните.

    Видеа објавени на социјалните мрежи покажуваат големи зрна град како ги погодуваат фановите откако една од најголемите латино ѕвезди во светот го започна својот настап.

    Локалните медиуми објавија дека на неколкумина луѓе им е укажана лекарска помош на самото место откако биле повредени од парчиња град.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира