84 ИЛЈАДИ НОВОЗАРАЗЕНИ ВО САД – НАЈВИСОКА ДНЕВНА БРОЈКА ВО КОРОНАКРИЗАТА

    84 ИЛЈАДИ НОВОЗАРАЗЕНИ ВО САД – НАЈВИСОКА ДНЕВНА БРОЈКА ВО КОРОНАКРИЗАТАУниверзитетот во Вашингтон прогнозира дека во САД до февруари ќе починат 500 илјади лица (Фото: Гети)

    Над 84 илјади лица се регистрирани позитивни на ковид-19 во САД во петокот, што е рекордна дневна бројка од почетокот на пандемијата. Бројката од 84.218 случаи го урна претходниот рекорд од 77.299 на 16 јули, а Универзитетот во Вашингтон прогнозира дека во САД до февруари ќе починат 500 илјади лица.

    16 американски држави имаат високи бројки на заразени, меѓу кои се и петте клучни за претседателските избори на 3 ноември: Охајо, Мичиген, Северна Каролина, Пенсилванија и Висконсин.

    Здравствените власти не ја посочуваат директно причината за порастот на заразени, но велат дека на тоа влијае фактот дека температурите се пониски и луѓето се почесто во затворени простории, уморот од цела коронакриза, како и тоа дека учениците и студентите се вратија во школите и факултетите.

    Според здравствените власти, бројката на заразени може да е помала за 130 илјади, ако 95 отсто од Американците носат заштитни маски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира