99-ГОДИШНИОТ ПРИНЦ ФИЛИП ПРИМЕН ВО БОЛНИЦА ЗАШТО НЕ СЕ ЧУВСТВУВАЛ ДОБРО

    99-ГОДИШНИОТ ПРИНЦ ФИЛИП ПРИМЕН ВО БОЛНИЦА ЗАШТО НЕ СЕ ЧУВСТВУВАЛ ДОБРОФилип ќе остане во болница неколку дена од претпазливост (Фото: Гети)

    Принцот Филип, 99-годишниот сопруг на кралицата Елизабета Втора, е примен во болница во Лондон од претпазливост зашто не се чувствувал добро, соопшти Бакингамската палата.

    Изворите од кралската палата кажаа дека војводата од Единбург со автомобил дошол во болница, каде што лекарите решиле да го задржат. Тој не се чувствувал добро неколку дена, што не е поврзано со коронавирусот. Тој и кралицата минатиот месец примија вакцина против ковид-19.

    „Принцот е во болница, но во добро расположение. Се очекува да остане неколку дена“, кажаа од палатата.

    Принцот Филип во јуни треба да го прослави 100. роденден.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира