АДВОКАТОТ МАЈКЛ КОЕН ПРИЗНА ДЕКА СО НЕЛЕГАЛНИ ИСПЛАТИ ГИ ЗАМОЛЧУВАЛ ЉУБОВНИЦИТЕ НА ТРАМП

    АДВОКАТОТ МАЈКЛ КОЕН ПРИЗНА ДЕКА СО НЕЛЕГАЛНИ ИСПЛАТИ ГИ ЗАМОЛЧУВАЛ ЉУБОВНИЦИТЕ НА ТРАМППол Манафорт и Мајкл Коен, поранешни блиски соработници на Трамп, се соочуваат со затвор поради даночна измама (Фото: АП)

    Мајкл Коен, поранешниот адвокат на Доналд Трамп, во судот во Њујорк се изјасни како виновен за кршење на законите за финансирање кампања, што се смета за голем удар за актуелниот претседател на САД.

    Тој кажа дека го направил тоа „по насоките на кандидатот“, со свесна намера да се влијае врз изборите. Признанието се однесува на парите што Трамп им ги исплатил на своите љубовници за да ги замолчи во пресрет на изборите во 2016 година.

    Трамп засега не ги коментираше овие наводи, но во мај, тој призна дека на Коен му ги вратил парите што биле искористени за плаќање на една од жените, откако претходно го негираше тоа.

    Педесет и едногодишниот Коен се изјасни виновен по осум точки, што вклучува и даночна и банкарска измама, постигнувајќи нагодба со обвинителството, што би можело да му ја намали затворската казна од 65 на пет години.

    Истиот ден, судот во Александрија (Вирџинија) го осуди Пол Манафорт, поранешниот шеф на кампањата на Трамп, за даночна и банкарска измама.

    Ваквиот развој на настаните ги обнови шпекулациите дека и против самиот Трамп би можела да се покрене судска постапка.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира