АЕРОДРОМОТ ВО МИЛАНО И ОФИЦИЈАЛНО ПРЕИМЕНУВАН ВО „СИЛВИО БЕРЛУСКОНИ“

    АЕРОДРОМОТ ВО МИЛАНО И ОФИЦИЈАЛНО ПРЕИМЕНУВАН ВО „СИЛВИО БЕРЛУСКОНИ“Новото име беше одобрено во 2024, но се соочи со правни предизвици (Фото: ДПА)

    Главниот меѓународен аеродром во Милано и официјално е преименуван во чест на поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони, кој почина во 2023 година. Новото име беше одобрено во 2024, но се соочи со правни предизвици.

    „Сознанието дека аеродромот ’Милано-Малпенса Силвио Берлускони‘ секојдневно ќе пречекува илјадници патници од целиот свет ме исполнува со гордост и емоции“, изјави Марија Елвира Берлускони, најстарата ќерка на покојниот политичар.

    Овој аеродром е втор по големина во Италија, веднаш по „Фјумичино“ во Рим.

    Градоначалникот на Милано, Џузепе Сала, не присуствуваше на церемонијата за преименување во знак на протест.

    „Што требаше да направам? Да се појавам со изнудена насмевка?“, коментираше тој на Инстаграм.

    Берлускони во четири мандати беше премиер во периодот меѓу 1994 и 2011 година, поминувајќи повеќе од девет години на функцијата, но неговата политичка кариера беше обележана и со бројни скандали и судски процеси.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира