АКО ГОРИ УКРАИНА, ЌЕ ГОРИ И МОСКВА, КАЖА ЗЕЛЕНСКИ ПО ДЕНЕШНИОТ ГОЛЕМ НАПАД СО ДРОНОВИ

    АКО ГОРИ УКРАИНА, ЌЕ ГОРИ И МОСКВА, КАЖА ЗЕЛЕНСКИ ПО ДЕНЕШНИОТ ГОЛЕМ НАПАД СО ДРОНОВИВторпат оваа недела беше погодена и запалена рафинеријата на „Газпром-Нефт“ во Москва (Фото: Телеграм)

    Седумнаесетмина луѓе се повредени во Московскиот регион во денешниот украински напад со дронови, изјави гувернерот Андреј Воробјов, при што вторпат оваа недела беше погодена и запалена рафинеријата на „Газпром-Нефт“, најголема во регионот.

    Москва беше изложена на најголемиот украински напад од почетокот на војната, при што кон неа биле лансирани речиси 200 дронови. Володимир Зеленски изјави дека Украина уште еднаш ја погодила Москва со „санкции со долг дострел“, како што ги нарекува нападите длабоко во Русија.

    Време е да се заврши оваа војна и Русија да ги преземе неопходните дипломатски чекори“, кажа Зеленски.

    Тој додаде дека овој напад беше одговор на неодамнешните големи украински напади врз Киев, кога беше оштетен и значаен историски манастир.

    Ние не ја сакаме оваа војна и никогаш не сме ја сакале. Но, ако Украина гори, ќе гори и Русија“, порача Зеленски.

    Рафинеријата во југоисточниот дел на Москва беше погодена третпат овој месец, а вторпат оваа недела, што го прекри небото со црн чад. Гореше и трговски центар во близина, а неколку станбени висококатници биле евакуирани. Четирите аеродроми во Москва беа привремено затворени, а над 500 летови беа откажани или одложени.

    Нападите врз Москва станаа почести откако Украина разви свои оружја со долг дострел. Првиот успешен напад беше изведен во мај 2023.

    Едно од најпопуларните прашања што ги поставуваат московјаните утрово е ‘Што се случува?‘ Можам да им одговорам. Вашата земја започна агресивна војна против нашата. Со години ги убива нашите луѓе. Сега кога знаете што се случува, прашајте го Путин кога планира да ја заврши“, кажа украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира