АКО ВИ ГИ ЗГОЛЕМАТ ДАНОЦИТЕ, ЗНАЈТЕ ДЕКА ВЕ ПРЕДУПРЕДИВ, КАЖА ТРАМП ВО СВОЈОТ ПОСЛЕДЕН ГОВОР КАКО ПРЕТСЕДАТЕЛ НА САД

    АКО ВИ ГИ ЗГОЛЕМАТ ДАНОЦИТЕ, ЗНАЈТЕ ДЕКА ВЕ ПРЕДУПРЕДИВ, КАЖА ТРАМП ВО СВОЈОТ ПОСЛЕДЕН ГОВОР КАКО ПРЕТСЕДАТЕЛ НА САДДоналд и Меланија Трамп заминаа за Флорида откако кратко се обратија во воена база во Мериленд (Фото: Гети)

    Ова беа неверојатни четири години, кажа Доналд Трамп, за последен пат обраќајќи се како претседател на САД.

    Тој од Белата куќа пристигна во воздушната база „Ендрјус“ во Мериленд, каде што и официјално се прости од функцијата. Оттаму замина за Флорида, каде што има резиденција.

    „Дадовме сѐ од себе. Она што го постигнавме е неверојатно според сите стандарди. Новата администрација презема неверојатни бројки, а во изминатите девет месеци остваривме медицинско чудо со развојот на вакцини против коронавирус“, им кажа Трамп на своите семејство и приврзаници собрани во базата.

    Тој вети дека ќе слуша и следи, посакувајќи ѝ среќа и успех на новата администрација.

    „Се надевам дека нема да ви ги покачат даноците, но ако го направат тоа, ве предупредив. Имајте убав живот, се гледаме наскоро“, го заклучи Трамп својот говор на пистата на базата.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира