АКТЕРКАТА ФЕЛИСИТИ ХАФМАН СЕ ПРИЈАВИ ВО ЗАТВОР ПО СКАНДАЛОТ ДЕКА ДАЛА МИТО ЗА ИСПИТОТ НА ЌЕРКА Ѝ

    АКТЕРКАТА ФЕЛИСИТИ ХАФМАН СЕ ПРИЈАВИ ВО ЗАТВОР ПО СКАНДАЛОТ ДЕКА ДАЛА МИТО ЗА ИСПИТОТ НА ЌЕРКА ЍХафман ќе ја служи казната во затвор што беше опишан како еден од 10-те најудобни во Америка (Фото: АП)

    Актерката Фелисити Хафман, позната по ТВ-серијата „Очајни домаќинки“, се пријави во федерален затвор во Калифорнија на отслужување на 14-дневната казна, што ја доби за учество во скандалот со уписи на факултет.

    Актерката ја призна вината дека во 2017 година платила 15.000 долари за да бидат исправени одговорите од испитот на нејзината ќерка. Хафман во затворот ја донел нејзиниот сопруг, актерот Вилијам Х. Мејси.

    Медиумите го опишуваат затворот за жени со пониско ниво на обезбедување како „федерален клуб“ и велат дека во 2009 бил на листата на Форбс на „десет најудобни затвори во Америка“. Педесет и шестгодишната Хафман ќе дели соба и тоалет со три затворенички и ќе има пристап до теретана, библиотека и до соба со телевизор.

    Федерален судија во Бостон минатиот месец ја осуди Хафман на 14 дена затвор, казна од 30.000 долари и 250 часови општокорисна работа.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари