АКТЕРОТ ЖЕРАР ДЕПАРДЈЕ ПРИВЕДЕН ВО ПОЛИЦИЈА НА СОСЛУШУВАЊЕ, ОТКАКО ДВЕ ЖЕНИ ГО ОБВИНИЈА ЗА СЕКСУАЛЕН НАПАД

    АКТЕРОТ ЖЕРАР ДЕПАРДЈЕ ПРИВЕДЕН ВО ПОЛИЦИЈА НА СОСЛУШУВАЊЕ, ОТКАКО ДВЕ ЖЕНИ ГО ОБВИНИЈА ЗА СЕКСУАЛЕН НАПАДДепардје се пријавил во полициска станица во Париз во понеделникот наутро, и е сослушан поради обвиненијата за сексуален напад на две жени (Фото: Гети)

    Францускиот актер Жерар Депардје е приведен во полиција во Париз за сослушување, изјави неговиот адвокат во понеделникот за Си-Ен-Ен.

    75-годишниот актер се пријавил во полициска станица во Париз во понеделникот наутро, и е сослушан поради обвиненијата за сексуален напад на две жени за кои се тврди дека се случиле на филмски сетови.

    Депардје претходно беше ставен под официјална истрага за наводно силување и сексуален напад, откако голем број жени поднесоа жалби против него. Францускиот актер претходно ги негираше овие обвинувања против него.

    Депардје е познат по неговите улоги во филмови како „Зелена карта“, „Човекот со железна маска“ и „Животот на Пи“. Тој исто така беше номиниран за Оскар во 1991 година за неговата главна улога во „Сирано де Бержерак“.

    Во 2013 Депардје доби руско државјанство од Владимир Путин, откако изјави дека ќе се откаже од францускиот пасош во знак на протест против владините планови за зголемување на даноците за најбогатите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира