Премиерот Еди Рама беше меѓу првите во Албанија кој прими вакцина против ковид-19 откако земјата доби мала количина дози од членка на Европската Унија. Рама изјави дека не е овластен да каже која земја им ги обезбедила првите 975 дози.
Албанија следната недела треба да ја почне главната програма за имунизација на населението.
„Меѓу првите ја примив вакцината не само за да покажам дека е безбедна, туку и зашто таа е оружје за убивање на овој невидлив непријател“, изјави Рама.
Албанија нарачала 500.000 дози од вакцината на „Фајзер/Бионтек“, а првите 10.000 треба да пристигнат следната недела. Во Албанија досега починаа 1.241 лице од ковид-19, а потврдени се над 63.000 случаи на зараза.