АЛБАНСКИОТ ПАРЛАМЕНТ ГО ИЗГЛАСА ДОГОВОРОТ ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ ОД ИТАЛИЈА

    АЛБАНСКИОТ ПАРЛАМЕНТ ГО ИЗГЛАСА ДОГОВОРОТ ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ ОД ИТАЛИЈАЕди Рама кажа дека Албанија избрала да дејствува како членка на Европската Унија (Фото: Гети)

    Албанскиот парламент го ратифицираше договорот со кој земјата се согласи да прима десетици илјади мигранти годишно кои пристигнуваат во Италија преку Средоземното Море. Опозицијата го бојкотираше гласањето.

    Центрите што ќе ги гради Италија ќе бидат под нејзиниа правна надлежност и се очекува да бидат отворени напролет.

    Албанија застана покрај Италија и избра да дејствува како членка на Европската Унија, согласувајќи се да го дели товарот со кој Европа би требала заеднички да се соочува, без поделбите на леви и десни“, изјави албанскиот премиер Еди Рама.

    Тој и италијанската премиерка Џорџа Мелони ги најавија овие центри во ноември и во нив ќе се прифаќаат само мигрантите кои ќе бидат спасувани со италијанските бродови на морето, не и оние кои стигнале до копното.

    Ова е прв ваков договор постигнат помеѓу членка на ЕУ и земја која не е дел од блокот. Сличен план имаа Велика Британија и Руанда, но судот го отфрли како незаконски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира