АЛБАНЦИТЕ ГЛАСААТ НА ИЗБОРИ ПО ЖЕСТОКАТА КАМПАЊА ВО КОЈА БЕШЕ УБИЕН АКТИВИСТ НА СОЦИЈАЛИСТИТЕ

    АЛБАНЦИТЕ ГЛАСААТ НА ИЗБОРИ ПО ЖЕСТОКАТА КАМПАЊА ВО КОЈА БЕШЕ УБИЕН АКТИВИСТ НА СОЦИЈАЛИСТИТЕЕди Рама се бори за третиот едноподруго премиерски мандат (Фото: АП)

    Албанија денеска излегува на парламентарни избори среде пандемијата на коронавирусот и жестокото ривалство помеѓу двете најголеми политички партии. Околу 3,6 милиони гласачи, од кои голем број во странство, ќе изберат 140 пратеници меѓу 1.800 кандидати од 12 партии или од независни листи, при што на заболените од ковид-19 не им е дозволено да гласаат.

    Албанија, која е членка на НАТО од 2009 година, се надева дека наскоро ќе почне преговори за пристапување на Европската Унија и овие избори се сметаат за клучни на тој пат.

    Еди Рама од владејачката Социјалистичка партија, кој се бори за третиот едноподруго премиерски мандат, порача дека сака да ја претвори Албанија во шампион во туризмот, енергетиката, земјоделството и дигиталните проекти и предизборните анкети му даваат поголеми шанси за победа.

    Наспроти него е Љуљзим Баша од Демократската партија, кој ја обвинува владата за корупција и врски со организиран криминал. Тој вети пониски даноци, повисоки плати и поголема социјална финансиска поддршка.

    Ривалството помеѓу двете партии кулминираше во средата, кога во вооружена пресметка во Елбасан беше убиен активист на Социјалистите, а уште четворица беа ранети.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира