АМЕРИКА ДА СЕ ПОДГОТВИ ЗА КАТАСТРОФАЛНИ ПОСЛЕДИЦИ, ПРЕДУПРЕДИ СЕВЕРНА КОРЕЈА ВО ОН

    АМЕРИКА ДА СЕ ПОДГОТВИ ЗА КАТАСТРОФАЛНИ ПОСЛЕДИЦИ, ПРЕДУПРЕДИ СЕВЕРНА КОРЕЈА ВО ОНЛидерот на Северна Кореја Ким Џонг-ун на брифинг со генералите на почетокот на август. (Фото: АП)

    Претставникот на Северна Кореја во Обединетите нации ги предупреди САД да очекуваат катастрофални последици ако актуелната војна на зборови продолжи да ескалира, бидејќи, како што кажа тој, земјата ќе си го брани правото да изведува ракетни тестови.

    Северна Кореја вчера изврши ракетен тест при што ракетата прелета преку Хокаидо, еден од главните острови на Јапонија, пред да се урне во Тихиот океан. Ракетниот тест беше осуден од Токио како сериозна закана за регионот.

    Севернокорејскиот амбасадор во Женева Хан Тае-сонг на форум за разоружување на Обединетите нации кажа: „Мојата земја го има секое право да одговори со цврсти контрамерки во самоодбрана. САД треба да бидат целосно одговорни за катастрофалните последици што самите ќе си ги предизвикаат“.

    Американскиот претседател Доналд Трамп денеска кажа дека последниот ракетен тест на Северна Кореја е сигнал дека земјата не ги почитува соседите и Обединетите нации. Тој кажа дека Северна Кореја само ќе биде уште поизолирана и дека сите опции се во игра.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира