АМЕРИКА СИЛНО ГО ПОДДРЖУВА ПРОШИРУВАЊЕТО НА ЕУ НА ЗАПАДЕН БАЛКАН, Ѝ КАЖА БАЈДЕН НА ФОН ДЕР ЛАЈЕН

    АМЕРИКА СИЛНО ГО ПОДДРЖУВА ПРОШИРУВАЊЕТО НА ЕУ НА ЗАПАДЕН БАЛКАН, Ѝ КАЖА БАЈДЕН НА ФОН ДЕР ЛАЈЕНАмериканскиот претседател Џо Бајден. (Фото: Твитер)

    Американскиот претседател Џо Бајден изразил силна поддршка за продолжување на пристапниот процес на земјите од Западен Балкан во ЕУ, за време на телефонскиот разговор со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

    „Лидерите исто така разговараа за Западен Балкан и претседателот Бајден изрази силна поддршка за продолжување на пристапниот процес со земјите од овој регион“, се вели во соопштението од Белата куќа за разговорот.

    Фон дер Лајен твитна дека имала добар телефонски разговор со претседателот Бајден, со кого разговарале за пандемијата, климата, одбраната, Западен Балкан и клучни геополитички прашања.

    Утре во Љубљана ќе се одржи Самит ЕУ-Западен Балкан, на кој лидерите на ЕУ ќе разговараат за проширувањето со лидерите на Македонија, Србија, Црна Гора, Косово, БиХ и Албанија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира