АМЕРИКАНСКАТА КОШАРКАРКА ГРАЈНЕР ОСУДЕНА НА ДЕВЕТ ГОДИНИ ЗАТВОР ВО РУСИЈА ЗА ПОСЕДУВАЊЕ ДРОГА

    АМЕРИКАНСКАТА КОШАРКАРКА ГРАЈНЕР ОСУДЕНА НА ДЕВЕТ ГОДИНИ ЗАТВОР ВО РУСИЈА ЗА ПОСЕДУВАЊЕ ДРОГАГрајнер би можела да биде разменета за руски шверцер на оружје (Фото: АП)

    Рускиот суд ја осуди американската кошаркарка Бритни Грајнер на девет години затвор за обвиненија поврзани со поседување дрога. Таа исто така мора да плати казна од еден милион рубли (16.300 долари).

    Триесет и едногодишната Грајнер, која важи за една од најдобрите кошаркарки на сите времиња, е во притвор од февруари, кога на аеродромот во Москва ѝ било пронајдено масло од канабис во багажот. Таа се враќала за САД од Русија, каде што настапуваше.

    Обвинителите бараа девет и пол години затвор за двократната олимписка шампионка, чие притворање падна во сенка на почетокот на руската инвазија на Украина. Грајнер се изјасни како виновна, но се бранеше дека маслото од канабис по грешка го спакувала.

    Марихуаната е забранета во Русија, и за медицинска и за рекреативна употреба.

    Неодамна се појавија информации дека САД и Русија договараат размена на затвореници, што би ја вклучувала и Грајнер. Русија во замена би го добила шверцерот на оружје Виктор Боут, кој служи 25-годишна затворска казна во САД.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира