АМЕРИКАНСКИ АВГАНИСТАНЕЦ ОСОМНИЧЕН ЗА ЕКСПЛОЗИЈАТА ВО МЕНХЕТН

a:1:{s:9:"td_source";s:30:"Њујорк,(агенции)

    АМЕРИКАНСКИ АВГАНИСТАНЕЦ ОСОМНИЧЕН ЗА ЕКСПЛОЗИЈАТА ВО МЕНХЕТН

    Њујоршката полиција го именуваше 28-годишниот натурализиран американски државјанин Ахмад Кан Рахами, кој е роден во Авганистан, како осомничен за експлозијата во Менхетн во саботата вечер што повреди 29 луѓе, а гувернерот на државата Њујорк Ендрју Куомо кажа дека можеби има „странска врска“ во нападот.

    Куомо кажа дека властите истражуваат врски помеѓу експлозијата во Њујорк и бомбата во Њу Џерси што експлодираше во саботата наутро, како и со петте сомнителни направи пронајдени близу железничка станица ноќеска. Тој додаде дека се повеќе се сомневаат дека терористичка ќелија стои зад нападите.

    Ноќеска, федералните власти приведоа пет лица со можни врски со бомбашките напади. Полицијата, исто така, интервенираше по пријавата дека ранец со сомнителни жици и цевка е пронајден во канта за ѓубре близу железничка станица во Њу Џерси. Една од петте сомнителни направи во ранецот експлодираше додека ФБИ се обидуваше да ја демонтира со робот. Тоа беше трета експлозија во рок од 24 часа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира