АМЕРИКАНСКИ КОНГРЕСМЕН ГО АКТИВИРАШЕ АЛАРМОТ ЗА ПОЖАР ПРЕД КЛУЧНОТО ГЛАСАЊЕ ЗА БУЏЕТОТ

    АМЕРИКАНСКИ КОНГРЕСМЕН ГО АКТИВИРАШЕ АЛАРМОТ ЗА ПОЖАР ПРЕД КЛУЧНОТО ГЛАСАЊЕ ЗА БУЏЕТОТБоумен, кој е од Демократската партија, вели дека го активирал алармот несакајќи. (Фото: Твитер)

    Американскиот Претставнички дом отвори истрага откако конгресменот Џамал Боумен го активираше алармот за пожар додека неговата партија се обидуваше да го одложи клучното гласање за буџетот ноќеска. Боумен, кој е од Демократската партија, вели дека го направил тоа несакајќи.

    Но, неговите политички ривали го обвинија дека се обидел да го наруши гласањето со кои требаше да се избегне затворање на американската влада.

    Алармот предизвика евакуација која траеше еден час, а потоа сепак беше постигнат договор да се изгласа привремено финансирање.

    Алармот се вклучи додека Демократите пробуваа да добијат одложување на гласање со образложение дека им е потребно повеќе време да го разгледаат предлогот и да одлучат дали ќе дадат поддршка.

    „Денеска, додека се брзав да одам да гласам, дојдов до врата која вообичаено е отворена, но денеска не беше отворена. Срам ми е да признаам дека јас го активирав алармот, по грешка мислејќи дека ќе ја отвори вратата“, вели Боумен.

    Но, Републиканците го обвинија дека намерно се обидел да го саботира гласањето.

    Републиканците имаат тесно мнозинство во Претставничкиот дом. Тие вчера доставија предлог за финансирање на владата до 17 ноември и претседателот Џо Бајден го потпиша неколку минути пред да истече рокот на полноќ.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира