АМЕРИКАНСКИОТ МИНИСТЕР ЗА ЗДРАВСТВО ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ОТИ ИЗНАЈМУВАЛ ПРИВАТНИ АВИОНИ ЗА ЛЕТОВИ НА КОИ ИМА РЕДОВНИ ЛИНИИ

    АМЕРИКАНСКИОТ МИНИСТЕР ЗА ЗДРАВСТВО ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ОТИ ИЗНАЈМУВАЛ ПРИВАТНИ АВИОНИ ЗА ЛЕТОВИ НА КОИ ИМА РЕДОВНИ ЛИНИИТом Прајс беше на функцијата 8 месеци (Фото: АП)

    Секретарот за здравство и социјална заштита на САД, Том Прајс поднесе оставка откако беше покрената истрага за неговите патувања со приватни авиони, кои го налутија претседателот Доналд Трамп.

    „Секретарот за здравство и социјална заштита Том Прајс ја понуди оставката и претседателот ја прифати“, се наведува во соопштението на портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс.

    Трамп изрази разочарување поради тоа што американскиот министер за здравство изнајмувал приватни авиони за дестинации на кои летаат комерцијалните авиокомпании, кои се многу поевтини.

    Прајс имал 26 одделни патувања оваа година со приватни авиони, во вкупна вредност од околу 400.000 долари.
    Министерот Прајс беше на функцијата помалку од осум месеци.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари