АМЕРИКАНЦИТЕ ГЛАСАА ЗА КОНГРЕСОТ – РЕПУБЛИКАНЦИТЕ ОДАТ КОН ПОБЕДА ВО ПРЕТСТАВНИЧКИОТ ДОМ, ТРКАТА ЗА СЕНАТОТ ИЗРАМНЕТА

    АМЕРИКАНЦИТЕ ГЛАСАА ЗА КОНГРЕСОТ – РЕПУБЛИКАНЦИТЕ ОДАТ КОН ПОБЕДА ВО ПРЕТСТАВНИЧКИОТ ДОМ, ТРКАТА ЗА СЕНАТОТ ИЗРАМНЕТАРаните резултати сугерираа дека Демократите сепак ќе избегнат тежок пораз (Фото: Гети)

    Републиканците одат кон победа во Претставничкиот дом, но трката за Сенатот останува крајно тесна, откако милиони Американци гласаа на изборите за Конгресот, што се очекува да го променат балансот на моќта во Вашингтон. Според последните резултати, на Републиканците им требаат уште 20 места за да ја преземат контролата во Претставничкиот дом.

    Демократскиот кандидат Џон Фетерман прогласи победа во Пенсилванија, а и проекциите велат дека ќе ја победи ТВ-ѕвездата д-р Мехмет Оз во една од клучните трки за Сенатот. Таму конечниот победник и натаму е неизвесен, за што би можело да се решава во Аризона, Џорџија и Невада, со можност да има уште еден круг гласање во Џорџија на 6 декември.

    Раните резултати сугерираа дека Демократите ќе избегнат тежок пораз, од што стравуваа некои во партијата.

    Дефинитивно нема ништо од републикански бран, тоа е сигурно. Мислам дека во Сенатот ќе бидеме на 51, 52 места“, изјави републиканскиот сенатор Линдзи Греам.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира