АМЕРИКАНЦИТЕ ОВАА ГОДИНА КУПИЛЕ РЕКОРДНИ 17 МИЛИОНИ ПАРЧИЊА ОГНЕНО ОРУЖЈЕ

    АМЕРИКАНЦИТЕ ОВАА ГОДИНА КУПИЛЕ РЕКОРДНИ 17 МИЛИОНИ ПАРЧИЊА ОГНЕНО ОРУЖЈЕПродажбата на оружје во САД првпат забележала пораст пролетоска на почетокот на пандемијата на коронавирусот (Фото: Гети)

    Американците купиле 17 милиони парчиња огнено оружје во 2020, што е најмногу во една година досега, според проценките на аналитичката компанија „Смол армс аналитикс“.

    Продажбата на оружје во САД првпат забележала пораст пролетоска, предизвикано од стравот и неизвесноста што ги носеше пандемијата на коронавирусот, а потоа уште еднаш летоска, за време на масовните протести против расизмот што се одржуваа низ целата земја и неретко беа насилни.

    „Ланските бројки беа надминати уште до август. До крајот на септември беше остварена најголемата продажба во последните 20 години, колку што ги следиме податоците“, изјави Јирген Брауер, извршниот шеф на „Смол армс аналитикс“.

    Претходниот рекорд беше регистриран во 2016, кога биле купени 16,6 милиони парчиња оружје.

    „Тоа беше годината кога Хилари Клинтон се бореше против Доналд Трамп на претседателските избори и силно се залагаше за поголема контрола на оружјето“, вели Брауер.

    Оваа година, во САД се убиени 15.500 луѓе, а над 20.000 извршиле самоубиство.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира