АМЕРИКАНЦИТЕ СЕ ВО ДЕПРЕСИЈА, ВЕЛИ БАЈДЕН

    АМЕРИКАНЦИТЕ СЕ ВО ДЕПРЕСИЈА, ВЕЛИ БАЈДЕНБајден смета дека американската економија не е пред рецесија (Фото: АП)

    Џо Бајден изјави дека Американците се во депресија додека се борат со растечката инфлација по две години пандемија. Во едно од ретките интервјуа, Бајден кажа дека потребата за менталното здравје во Америка вртоглаво порасна.

    Сакам Американците да имаат доверба, како што имам јас“, изјави Бајден за агенцијата АП.

    Неговата популарност значително опадна во пресрет на изборите во ноември, кои ќе решат која партија ќе го контролира Конгресот.

    Луѓето се многу, многу депресивни. Многу работи ги вознемирија и тоа најмногу е последица на ковид кризата. Луѓето останаа без работа, училиштата беа затворени“, кажа Бајден.

    Тој го даде интервјуто откако новинарите кои известуваат од Белата куќа се пожалија дека немаат доволно пристап до него.

    Запрашан за можноста американската економија да падне во рецесија, Бајден кажа дека тоа не е неизбежно. Минатиот месец, инфлацијата во САД беше 8,6%, што е една од највисоките стапки на светот.

    Ако е тоа моја грешка, зошто тогаш во сите други големи индустриски држави на светот инфлацијата е и повисока?“, се бранеше Бајден.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира