АНЕКТИРАНИТЕ УКРАИНСКИ РЕГИОНИ ЌЕ ИМААТ ПОЛНА ЗАШТИТА ОД РУСИЈА, ПА И СО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ, КАЖА ЛАВРОВ ВО ОН

    АНЕКТИРАНИТЕ УКРАИНСКИ РЕГИОНИ ЌЕ ИМААТ ПОЛНА ЗАШТИТА ОД РУСИЈА, ПА И СО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ, КАЖА ЛАВРОВ ВО ОНЛавров во Обединетите нации кажа дека Русија ќе ги почитува резултатите од референдумите (Фото: АП)

    Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека украинските региони во кои што се одржуваат референдуми ќе добијат полна заштита од Русија ако бидат анектирани.

    Обраќајќи им се на Генералното собрание на Обединетите нации и на светските медиуми, Лавров се обиде да ја оправда руската инвазија со добро познатите лажни тврдења дека владата во Киев е незаконски поставена и исполнета со неонацисти и дека ги угнетува руските говорници на истокот на Украина.

    Четири окупирани региони во источна и јужна Украина во петокот почнаа референдуми за припојување кон Русија, што би можело да доведе до ескалација на војната.

    По овие референдуми, секако дека Русија ќе ја почитува волјата на овие луѓе кои долги години страдаа од злоставувањата на неонацистичкиот режим“, изјави Лавров.

    Запрашан дали Русија би можела да употреби нуклеарно оружје за да ги заштити анектираните региони, Лавров одговори:

    Сите руски територии, вклучувајќи ги и териториите кои во иднина ќе бидат внесени во рускиот устав, се под целосна заштита на државата. Сите закони, доктрини, концепти и стратегии на Руската Федерација се применуваат на сите територии, што ја подразбира и употребата на нуклеарното оружје“.

    Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба кажа дека ваквите изјави за нуклеарното оружје се неодговорни и целосно неприфатливи.

    Украина нема да се предаде. Ваквата реторика на Русија го става светот во опасност и нема да се толерира“, кажа Кулеба.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира