АНГЕЛА МЕРКЕЛ Е ПРОТИВ НЕЗАВИСНА КАТАЛОНИЈА

    АНГЕЛА МЕРКЕЛ Е ПРОТИВ НЕЗАВИСНА КАТАЛОНИЈАСамо дијалогот е решение на кризата. - Ангела Меркел и Маријано Рахој (Фото: Гети)

    Германската канцеларка Ангела Меркел му даде поддршка на шпанскиот премиер Маријано Рахој, истакнувајќи дека се залага за единствена Шпанија, но и ја посочи потребата од дијалог.

    Ова доаѓа само ден пред спорната седница на каталонскиот парламент, на која треба да се обрати претседателот Карлес Пуигдемонт, кога се очекува да прогласи независност на регионот. Уставниот суд на Шпанија го забрани одржувањето на оваа седница.

    Меркел дискутирала за кризата во Шпанија и со претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер.

    „Таа разговараше со двајцата за моменталната ситуација во Шпанија и даде поддршка за единствена Шпанија. Меркел се залага за засилување на дијалогот помеѓу двете страни, колку што дозволуваат тамошните закони“, изјави портпаролот на германската влада.

    Претходно, и Франција официјално соопшти дека нема да ја признае независноста на Каталонија, која со овој потег веќе не би била дел од Европска Унија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира