АНГЛИЧАНЕЦ Ѝ ИСПРАТИЛ ИЗВРШИТЕЛИ НА „ВИЗЕР“ ОТИ СО МЕСЕЦИ НЕ МУ ВРАЌАЛА ПАРИ ЗА ОТКАЖАН ЛЕТ

    АНГЛИЧАНЕЦ Ѝ ИСПРАТИЛ ИЗВРШИТЕЛИ НА „ВИЗЕР“ ОТИ СО МЕСЕЦИ НЕ МУ ВРАЌАЛА ПАРИ ЗА ОТКАЖАН ЛЕТЛани во јануари, тој резервирал билети од Лутон до Фаро, Португалија за семеен одмор, но дента на полетувањет добил порака од „Визер“ дека летот е откажан. (Фото: Би-Би-Си)

    Англичанецот Расел Квирк испратил извршители на аеродромот Лутон во Лондон, да се соочат со „Визер“, бидејќи компанијата му должела пари откако во последен момент биле откажани летовите на неговото семејство. Лани во јануари, тој резервирал билети од Лутон до Фаро, Португалија, за семеен одмор во мај со неговите три ќерки и сопруга. Дента на полетувањето добил порака од „Визер“ дека летот е откажан.

    „Немаше никакво објаснување, немаше извинување, не понудија никаква друга опција. Морав да ги разбудам ќерките и да им кажам дека нема да одиме на одмор. Многу беа вознемирени“, вели Квирк.

    Немал друг избор освен да најде друга конекција со Португалија, која го чинела 4.500 фунти.

    По враќањето од Португалија, се обидел да добие надомест од „Визер“, но вели дека му биле потребни речиси два месеца за да се вратат трошоците за неговите првични летови заедно со други законски надоместоци. Но, вели дека „Визер“ постојано го игнорирала неговото тврдење за „последични загуби“, дополнителните 4.500 фунти што ги потрошил.

    Својот случај го однел до Окружниот суд, но вели, „Визер“ ја „игнорирала“ пресудата донесена против компанијата, па судските извршители биле испратени во канцеларијата на „Визер“ на аеродромот Лутон.

    „Нивната опција беше да ги предадат парите или судските извршители ќе ги земат во стока – тоа можеби беа столици, маси, компјутери или авион“, рече Квирк.

    Од „Визер“ му ги вратиле парите и се извиниле.

    „Сè повеќе бизниси мислат дека можат да ги третираат клиентите како ѓубре и јас сум решен да го искоренам тоа. Мојата порака е, ако големите компании ве оштетат, ако истраете, можете да го добиете она што ви го должат“, вели тој.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира