АНГЛИСКИОТ ГРАД ЛЕСТЕР СТАВЕН ВО КАРАНТИН ПО ПОСЛЕДНОТО ШИРЕЊЕ НА КОРОНАВИРУСОТ

    АНГЛИСКИОТ ГРАД ЛЕСТЕР СТАВЕН ВО КАРАНТИН ПО ПОСЛЕДНОТО ШИРЕЊЕ НА КОРОНАВИРУСОТДесет отсто од сите случаи на зараза во земјата минатата недела се регистрирани во Лестер (Фото: Ројтерс)

    Англискиот град Лестер е ставен во строг карантин по последното локално ширење на коронавирусот, што уследи додека премиерот Борис Џонсон се обидува да ја внесе Велика Британија во нова нормалност.

    Сите несуштински продавници и училишта од денеска се затворени, а се одложува и најавеното повторно отворање на пабовите и рестораните. Министерот за здравство Мет Хенкок кажа дека ако има потреба, мерките ќе се спроведуваат со помош на полиција.

    „Десет отсто од сите случаи на зараза во земјата минатата недела се регистрирани во Лестер“, изјави Хенкок.

    Седумдневната стапка на зараза во градот била 135 случаи на 100.000 жители, што е трипати повеќе од вториот најпогоден град.

    Мерките на карантин ќе бидат на сила две недели.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира