АПЕЛАЦИОНИОТ СУД ВО БЕЛГРАД ГИ ОСЛОБОДИ УБИЈЦИТЕ НА НОВИНАРОТ СЛАВКО ЌУРУВИЈА

    АПЕЛАЦИОНИОТ СУД ВО БЕЛГРАД ГИ ОСЛОБОДИ УБИЈЦИТЕ НА НОВИНАРОТ СЛАВКО ЌУРУВИЈАЌурувија е убиен во влезот на својата зграда на 11 април 1999 (Фото: АФП)

    Апелациониот суд во Белград ги ослободи Радомир Марковиќ, Милан Радоњиќ, Мирослав Курак и Ратко Ромиќ од обвинението за убиството на новинарот Славко Ќурувија.

    Усвојувајќи ги жалбите на одбраната и делумно на обвинителството, судот ја преиначи првостепената пресуда и го ослободи Марковиќ од обвинението дека го извршил кривичното дело поттикнување на тешко убиство, а останатите тројца дека биле соизвршители на убиството.

    Апелациониот суд заклучи дека и покрај сите наведени докази, во постапката не било утврдено постоењето на организирана криминална група, ниту било утврдено кој, кога и каде учествувал во правењето на договорот и планот за ликвидација на сопственикот, директор и главен уредник на весникот „Дневни телеграф“ и неделникот „Европљанин“, Славко Ќурувија.

    Ќурувија е убиен во влезот на својата зграда на 11 април 1999 за време на НАТО бомбардирањето на Србија. Тој бил следен од Службата за државна безбедност од октомври 1998, а пет дена пред убиството во дневниот весник „Експрес политика“ се појави текст со наслов „Ќурувија ги дочека бомбите“, кој истата вечер беше прочитан и во ударниот дневник на РТС. Сопругата на Слободан Милошевиќ, Мира Марковиќ, претходно го прогласи Ќурувија за предавник и кажа дека народот ќе му суди.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира