„АУСТРИЈАН ЕРЛАЈНС“ И ПОЛСКАТА „ЛОТ“ ПРИВРЕМЕНО ГИ СУСПЕНДИРАА СИТЕ РЕДОВНИ ЛЕТОВИ

    „АУСТРИЈАН ЕРЛАЈНС“ И  ПОЛСКАТА „ЛОТ“ ПРИВРЕМЕНО ГИ СУСПЕНДИРАА СИТЕ РЕДОВНИ ЛЕТОВИАвстриската компанија леташе од Скопје за Виена 10 пати неделно - дел од флотата на аеродромот во Виена - (Фоти: Аустријан ерлајнс)

    Авиокомпанијата „Аустријан ерлајнс“ од среда привремено ги суспендира сите редовни летови, како одговор на забраните за влез воведени во многу земји ширум светот поради коронавирусот и поради забрзаниот пад на побарувачката за авиотранспорт, соопшти компанијата. „Аустријан ерлајнс“ имаше 10 пати неделно летови на линијата Виена-Скопје.

    Од вчера до 28 март и полската влада ги суспендира и сите летови од Варшава. Полскиот државен авиопревозник „ЛОТ“ леташе на линијата Варшава-Скопје 6 пати неделно.

    „Аустријан ерлајнс“ ќе ги одложи сите летови до 28 март, а патниците кои имаат резервации за лет во тој период ќе бидат пренесени на други компании ако е можно, соопшти компанијата.

    Претходно, нискобуџетната „Визер“ ги откажа и сите летови од Скопје за Италија до Милано, Тревизо и Рим, за Малта и за Братислава.

    Од 12 март, Владата на Косово ги забрани сите летови кон Приштина од Германија, Швајцарија, Франција и Италија, стои на официјалната страна на приштинскиот аеродром „Адем Јашари“.

    Летовите на „Визер“ кон овие земји, освен кон Италија, засега се реализираат без откажувања од Скопскиот аеродром. Сепак, компанијата на својата официјална веб страница предупредува дека е можно да дојде до нови откажувања поради забраните на одредени земји, или поради слабата продажба на карти.

    Денеска беше откажан и летот од Белград за Скопје. Според официјалната веб страница на „Ер Србија“ во периодот кој следи ќе има повеќе откажувања на оваа редовна линија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира