АВИОН КОЈ ЛЕТАЛ ЗА ЛОНДОН СЕ ВРАТИЛ ВО МАЈАМИ ПОРАДИ ПАТНИЧКА КОЈА НЕ САКАЛА ДА НОСИ МАСКА

    АВИОН КОЈ ЛЕТАЛ ЗА ЛОНДОН СЕ ВРАТИЛ ВО МАЈАМИ ПОРАДИ ПАТНИЧКА КОЈА НЕ САКАЛА ДА НОСИ МАСКААвионот бил во воздух помалку од еден час, кога тргнал назад (Фото: Мајами хералд)

    Авионот на „Американ ерлајнс“ кој во средата летал од Мајами за Лондон се вратил назад зашто една патничка одбивала да носи маска. Авионот со 129 патници бил пречекан од полицијата по враќањето во Мајами, која ја привела 40-годишната жена.

    „Таа е ставена на листа на луѓе на кои им е забрането да патуваат со нашата авиокомпанија“, кажаа од „Американ ерлајнс“.

    Според сајтот за следење летови „Флајтавер“, авионот бил во воздух помалку од еден час, кога тргнал назад.

    „Авионот од Мајами за Лондон се врати на аеродромот во Мајами поради патничка која одбивала да се придржува до федералните барања за носење маска“, соопшти авиокомпанијата.

    Еден од патниците изјави дека не им било кажано што точно се случува, освен дека имало екстремен инцидент со патник, па морале да се вратат.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира