АВИОН ОД ДОРТМУНД ЗА ОХРИД ИТНО СЛЕТАЛ ВО ВЕНЕЦИЈА ПОРАДИ ВЛОШЕНА СОСТОЈБА НА ПАТНИК

    АВИОН ОД ДОРТМУНД ЗА ОХРИД ИТНО СЛЕТАЛ ВО ВЕНЕЦИЈА ПОРАДИ ВЛОШЕНА СОСТОЈБА НА ПАТНИКАвионот нагло слетал откако од Хрватска преминал во Бих (Фото: Твитер)

    Авион на „Визер“ кој летал од Дортмунд за Охрид нагло го променил правецот додека бил во воздужниот простор од контролата на летање на Хрвтска,  јавува сајтот за следење летови „Флајтрадар“. Пилотот испратил сигнал за итна ситуација.

    Авионот потоа слетал во Охрид со задоцнување од два часа.

    Македонските воздухопловни власти велат дека бидејќи настанот бил во туѓ воздушен простор, немаат официјално известување за тоа што се случило, а и компанијата нема обврска да ги извести. Од роднини кои го чекале слетувањето на авионот на Охридскиот аеродром дознаваме дека се работи за влошена здравствена состојба на патник, поради што екипажот  најверојатно побарал авионот итно да слета на најблискиот аеродром и се упатил кон Венеција.

    Од маршрутата на летот се гледа дека авионот прелетал преку хрватскиот воздушен простор, ја преминал границата со БиХ, а потоа нагло свртел назад, по што безбедно слетал во Венеција.

    Од „Визер“ засега нема официјално појаснување за ситуација, освен што на Твитер потврди дека авионот слетал.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира