АВИОН ПАДНА 14 КИЛОМЕТРИ ОД РЕЗИДЕНЦИЈАТА НА ТРАМП ВО ФЛОРИДА, ДЕВЕТМИНА ЗАГИНАТИ

    АВИОН ПАДНА 14 КИЛОМЕТРИ ОД РЕЗИДЕНЦИЈАТА НА ТРАМП ВО ФЛОРИДА, ДЕВЕТМИНА ЗАГИНАТИАвионот бил на пат за Бахами кога паднал во станбена област (Фото: АП)

    Девет луѓе загинаа откако мал деловен авион се урна во Флорида, само 14 километри од резиденцијата на Доналд Трамп во Мар-а-Лаго.

    Снимките направени по падот прикажуваат кратер среде станбена улица, како и парчиња бетон и остатоци од авионот „лирџет 60“ расфрлани наоколу.

    Авионот полетал од Остин, Тексас и бил на пат кон Бахами, соопшти Федералната управа за авијација на САД. Во несреќата нема преживеани меѓу патниците во авионот.

    Извештаи на американските медиуми и анализи на летот укажуваат на тоа дека авионот паѓал со брзина од десетици метри во секунда пред да се урне. Според „Си-Би-Ес њуз“, на аудиоснимката од комуникацијата со контролата на летање, направена непосредно пред несреќата, се слуша како пилотот вели дека авионот многу брзо губи висина, по што прогласува вонредна состојба.

    Сè уште не е јасно кој се наоѓал во авионот.

    Трамп бил во Мар-а-Лаго вчера и полетал од блискиот аеродром со претседателскиот авион околу еден час пред несреќата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира