АВИОН СЕ УРНА ВО ЗГРАДА ВО МИЛАНО, 8 ЗАГИНАТИ

    АВИОН СЕ УРНА ВО ЗГРАДА ВО МИЛАНО, 8 ЗАГИНАТИАвионот падна во зграда што се реновира и предизвика пожар. (Фото: Анса)

    Мал приватен авион попладнево се урна во празна зграда во Сан Донато Миланезе, предградие на италијанскиот град Милано, при што загинаа сите во него, пилотот, копилотот, петмина возрасни патници и едно дете.

    Авионот полетал од Линате и требало да слета во Олбиа.

    Авионот падна во зграда што се реновира, а се користела како канцелариски простор, и предизвика пожар, поради што е тешко да се идентификуваат телата.

    Според првичните информации, пилотот на авионот Пајпер бил германски државјанин, а меѓу патниците имало и француски државјанин.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира