АВИОН СО 28 ЛУЃЕ СЕ УРНА ВО МОРЕТО НА ДАЛЕЧНИОТ ИСТОК НА РУСИЈА

    АВИОН СО 28 ЛУЃЕ СЕ УРНА ВО МОРЕТО НА ДАЛЕЧНИОТ ИСТОК НА РУСИЈААвионот „антонов Ан-26“ исчезнал од радарот додека се подготвувал да слета

    Рускиот авион со 28 луѓе што исчезна утрово се урнал во море, објавија руските власти. Авионот „антонов Ан-26“, кој летал за гратчето Палана во близина на Охотското Море, исчезнал од радарот додека се подготвувал да слета на далечниот исток на Русија.

    Неколку брода се упатија кон местото на несреќата, објави руската агенција РИА.

    Властите кажаа дека во авионот имало 22 патници и шест члена на екипажот. Меѓу патниците била и Олга Мохирева, градоначалничката на Палана.

    Агенцијата „Интерфакс“ објави дека времето во областа било облачно во моментите кога авионот стар 29 години се урнал.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира