АВИОНОТ НА МЕЛАНИЈА ТРАМП ПРИНУДНО СЛЕТА ПОРАДИ ЧАД ВО КАБИНАТА

    АВИОНОТ НА МЕЛАНИЈА ТРАМП ПРИНУДНО СЛЕТА ПОРАДИ ЧАД ВО КАБИНАТААвионот се вратил во базата во Мериленд неколку минути по полетувањето (Фото: Твитер)

    Авион што ја превезувал Меланија Трамп бил принуден да се врати назад и да слета, откако почнало да чади од пилотската кабина.

    „Сѐ е во ред и сите се безбедно“, изјави портпаролката на првата дама на САД, додавајќи дека причината за чадот е мал механички квар.

    Новинарите кои патувале со Трамп добиле влажни крпи и им било кажано „да ги стават на лицата, бидејќи мирисот е пресилен“, откри репортерот на Ен-Би-Си.

    Меланија Трамп беше на пат за Филаделфија, за да се сретне со семејствата погодени од опиоидската криза. Официјалните лица кажаа дека посетата не е откажана, иако претседателскиот авион мораше да се врати во базата во Мериленд неколку минути по полетувањето.

    „Таа доби друг авион. Се надевам дека е подобар од првиот“, изјави Доналд Трамп за „Фокс њуз“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира