АВСТРАЛИЕЦ ИЗЛАЖАЛ ДЕКА СЕ ЗАРАЗИЛ СО КОРОНАВИРУС КОГА КУПУВАЛ ПИЦА, МЕСТО ДА КАЖЕ ДЕКА РАБОТИ ВО ПИЦЕРИЈАТА, ПО ШТО БЕШЕ ВОВЕДЕН РЕГИОНАЛЕН КАРАНТИН

    АВСТРАЛИЕЦ ИЗЛАЖАЛ ДЕКА СЕ ЗАРАЗИЛ СО КОРОНАВИРУС КОГА КУПУВАЛ ПИЦА, МЕСТО ДА КАЖЕ ДЕКА РАБОТИ ВО ПИЦЕРИЈАТА, ПО ШТО БЕШЕ ВОВЕДЕН РЕГИОНАЛЕН КАРАНТИНАделаида и остатокот на Јужна Австралија од средата се во карантин (Фото: Гети)

    Јужна Австралија одлучила да влезе во регионален карантин откако едно заразено лице лажело за своите врски со една пицерија, објави полицијата. Строгите рестриктивни мерки стапија на сила во средата, откако во оваа сојузна држава биле регистрирани 36 заразени со коронавирус, вклучувајќи го првиот случај на локално пренесување од април. Сепак, ова можело да се избегне доколку заразениот маж ја кажал вистината дека работи во пицеријата, а не дека бил таму за да купи пица.

    Поради оваа дезинформација, здравствените власти претпоставиле дека тој се заразил по кратко изложување на вирусот и дека станува збор за многу заразен сој.

    „Малку е да се каже дека сум бесен. Ќе видиме какви последици ќе има ова“, изјави регионалниот премиер Стивен Маршал.

    Полицијата не планира да преземе ништо против мажот кој лажел, бидејќи, како што кажа, за тоа не се предвидени казни. Карантинот ќе биде укинат утре, три дена порано од планираното.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира