Австралија ќе ги отвори своите граници за вакцинираните туристи за првпат по речиси две години.
„Ако сте примиле два дози, добредојдени сте во Австралија“, кажа премиерот Скот Морисон.
Отворањето, кое ќе се случи на 21 февруари, беше поздравено од многу сектори.
Австралија воведе некои од најстрогите гранични контроли на светот во пандемијата на коронавирусот. Владата целосно ги затвори границите во март 2020, при што дури и австралиските државјани долго време не смееја да патуваат и беше воведено ограничување за вкупниот број доаѓања. Земјата во декември почна да се отвора за некои странски студенти и квалификувани мигранти.
„Секој што ќе сака да влезе во земјата ќе мора да приложи доказ за целосно вакцинирање. Такво е правилото и сите ќе мора да се придржуваат до него“, кажа Морисон.
Благодарение на строгите мерки, Австралија долго време одржуваше ниски бројки во пандемијата, па од ковид-19 починале 4.248 жители. Моментално, околу 80% од населението е целосно вакцинирано.