Невакцинираните Австријци ќе останат во карантин и откако земјата ќе ги укине националните рестрикции в недела, изјави новиот канцелар Карл Нехамер.
Австрија пред две недели прогласи 20-дневен национален карантин со цел да го скроти ширењето на коронавирусот, кое беше изразено во рекордни бројки, при што беа затворени рестораните, баровите, театрите, музеите и сите несуштински продавници. Хотелите овој период не смеат да примаат туристи.
Една недела претходно, владата воведе карантин за лицата кои не се целосно вакцинирани, дозволувајќи им да излегуваат од дома само за суштински потреби, како одење на работа.
„Карантинот за невакцинираните останува. На сите оние кои страдаат поради тоа сакам да им порачам дека решението е да се вакцинираат. Како што беше планирано, пошироките рестрикции ќе бидат тргнати в недела“, изјави Нехамер.