Германската полиција објави дека нема повредени во денешниот инцидент во Берлин, кога автомобил удри во портата на објектот во кој е сместено седиштето на канцеларката Ангела Меркел.
Не е позната позадината на инцидентот, но на автомобилот беа испишани две пораки, при што една повика на „крај на глобалистичката политика“, а другата гласеше „проклети убијци на деца и стари луѓе“. Возачот на автомобилот е уапсен.
Ова се случи во пресрет на денешните разговори на Меркел со премиерите на 16-те сојузни покраини, кога треба да биде одобрено проширувањето на рестриктивните мерки. Се очекува Германија да го продолжи „лесниот карантин“ до 20 декември и да ги ограничи собирите на само пет луѓе, што нема да важи во периодот од 23 декември до 1 јануари, кога ќе биде дозволено да се собираат до десет луѓе од различни домаќинства.
Во Германија денеска има 410 починати од ковид-19, што е најголема дневна бројка од почетокот на епидемијата.