АВТОМОБИЛ ВЛЕТА ВО ПЕШАЧКА ЗОНА ВО ГЕРМАНСКИОТ ГРАД ТРИР, НАЈМАЛКУ ДВАЈЦА МРТВИ

    АВТОМОБИЛ ВЛЕТА ВО ПЕШАЧКА ЗОНА ВО ГЕРМАНСКИОТ ГРАД ТРИР, НАЈМАЛКУ ДВАЈЦА МРТВИПолицијата кажа дека има и 15 повредени, а возачот е уапсен

    Најмалку две лица загинаа откако автомобил влета во пешачка зона во германскиот град Трир. Позадината на инцидентот засега не е позната, но полицијата кажа дека возачот е уапсен. Во инцидентот има и најмалку 15 повредени, од кои некои сериозно.

    „Автомобилот е обезбеден, а возачот уапсен“, кажа портпаролот на полицијата.

    Еден сведок изјави дека „ренџ ровер“ со голема брзина поминал низ улицата, исфрлувајќи ги пешаците во воздух.

    Во оваа област, вообичаено во овој дел од годината се одржува божиќен пазар, но тој беше откажан поради пандемијата на коронавирусот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира