АЗОВСКОТО МОРЕ Е ЗАСЕКОГАШ ИЗГУБЕНО ЗА УКРАИНА, ВЕЛАТ РУСКИТЕ ВЛАСТИ

    АЗОВСКОТО МОРЕ Е ЗАСЕКОГАШ ИЗГУБЕНО ЗА УКРАИНА, ВЕЛАТ РУСКИТЕ ВЛАСТИАзовското Море е најплиткото море на светот

    Вицепремиерот во владата на Крим, Георги Мурадов, изјави дека Азовското Море е засекогаш изгубено за Украина.

    Пристаништата во регионите Запорожје и Херсон веќе никогаш нема да бидат украински. Сигурен сум дека по повторното обединување на нашите региони со Русија, Азовското Море повторно, како што беше и порано, ќе стане исклучиво внатрешно море на Руската Федерација“, кажа Мурадов.

    Друг функционер назначен од Русија, Владимир Рогов, изјави дека регионите Запорожје и Херсон веќе никогаш нема да се вратат под контрола на Киев. Мурадов кажа дека по ослободувањето на Мариупол, Азовското Море заеднички го користат Русија и Народната Република Доњецк.

    Азовското Море е најплиткото море на светот и често се смета за северно продолжение на Црното Море.

    Русија го анектираше Крим во 2014 и руските власти велат дека нема да прифатат никаков договор кој не го признава полуостровот како руска територија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира