БАБАТА НА УБИЕНОТО МОМЧЕ ВО ПАРИЗ ПОВИКА ДА ПРЕКИНАТ ПРОТЕСТИТЕ

    БАБАТА НА УБИЕНОТО МОМЧЕ ВО ПАРИЗ ПОВИКА ДА ПРЕКИНАТ ПРОТЕСТИТЕ„Тие го користат Нахел како изговор. Сакаме работите да се смират“, рече бабата на 17-годишното момче кое го уби полицијата. (Фото: АП)

    Бабата на Нахел М. повика на смиреност по петтата ноќ на немири низ Франција, откако нејзиниот 17-годишен внук беше убиен од полицијата.

    „Не сакаме да уништуваат продавници, автобуси и училишта“, изјави Надја за ТВ БФМ. „Тие го користат Нахел како изговор“, вели таа. „Сакаме работите да се смират“.

    „Срцето ме боли“, рече таа за парите донирани за полицаецот кој беше уапсен откако го застрела Нахел во вторникот.

    Но, таа вели дека има доверба дека полицаецот ќе биде казнет како и сите други.

    „Нахел е мртов, тој е мртов“, вели таа. „Мојата ќерка е изгубена… Веќе нема живот“.

    Додека ги повторува своите повици за смиреност и прекин на немирите, таа додава: „Не ги уништувајте училиштата, не ги уништувајте автобусите. Има други мајки кои се возат со овие автобуси“. Таа претходно рече дека бунтовниците ја користеле смртта на Нахел како изговор.

    Таа рече дека ги „презира“ полицајците кои го запреле и убиле нејзиниот внук, но тоа не значи дека ги мрази сите останати полицајци.

    „За среќа, тие се таму“, вели таа, нагласувајќи дека „верува во правдата“.

    Над 2.000 демонстранти се уапсени низ цела Франција во масовните петдневни протести во кои има судири со полицијата, палежи и грабежи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира