БАЈДЕН ГИ ПОМИЛУВА СИТЕ ФЕДЕРАЛНИ ОСУДЕНИЦИ ЗА ПОСЕДУВАЊЕ МАРИХУАНА

    БАЈДЕН ГИ ПОМИЛУВА СИТЕ ФЕДЕРАЛНИ ОСУДЕНИЦИ ЗА ПОСЕДУВАЊЕ МАРИХУАНАМарихуаната е целосно легализирана во 19 сојузни држави и во главниот град Вашингтон (Фото: АП)

    Џо Бајден ги помилува сите Американци кои на национално ниво биле осудени за поседување мало количество марихуана. Се проценува дека корист од оваа мерка ќе имаат околу 6.500 осуденици.

    Најголемиот дел од пресудите поврзани со марихуана е на сојузно ниво.

    Федералното помилување ќе им помогне на овие луѓе полесно да најдат работа“, кажа Бајден.

    Тој сепак не прогласи целосна декриминализација на марихуаната, што беше едно од неговите предизборни ветувања.

    Затворањето луѓе поради поседување марихуана наруши многу животи. Ваквото однесување веќе не е забрането во многу сојузни држави“, изјави Бајден, додавајќи дека и од сојузните гувернери ќе побара да издадат свои сопствени помилувања.

    Како претседателски кандидат, тој беше критикуван што во 1994 година потпиша закон со кој беа поострени казните за криминалите поврзани со дрога, поради што биле затворени бројни припадници на малцинствата.

    Марихуаната е целосно легализирана во 19 сојузни држави и во главниот град Вашингтон, додека за медицински цели смее да се користи во 37 сојузни држави. Сепак, таа останува нелегална на федерално ниво.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира